ЧАЈ ОД ГЛУВАРЧЕ - ČAJ OD GLUVARČE
Чај од глуварче стимулативно дејствува на желудникот, цревата, панкреасот и жолчката и предизвикува зголемено лачење на соковите на овие органи.
Коренот содржи тараксацин, тритерпенски соединенија, тараксол, тараксерол, танин, смоли, органски киселини, слуз, ситотерол, каратеноиди, флавоноиди, витамин Ц и инулин.
Коренот на глуварче има холагогно, аперитивно, дигестивно, диуретично и други дејства.
Се користи како средство за подобрување на апетитот, дигестијата, работа на жолчка , црниот дроб и панкреасот, ги чисти жолчката и црниот дроб од отрови и штетни материи, талози, песок и камчиња и овозможува проток на жолчните сокови низ црниот дроб и панкреасот. Докажано е дека има диуретични својства и се користи против заболувања на бубрезите, уретрите, бешиката.
Коренот има позитивно дејство и смирувачки делува на централниот нервен систем и се користи како средство за смирување, и може да се користи за намалување на шеќерот кај ДИЈАБЕТЕС, дијабетичари поради присуството на природниот анулин.
Употреба: 1 (една) супена лажица се прелива со 1 (еден) литар завриена вода и се остава да врие дополнителни 10 минути во покриен сад Потоа се остава да отстои 40 минути. Се процедува и се пие во текот на денот 3-4 пати по 250мл. Мосе да се засладува со мед и лимун.
ČAJ OD GLUVARČE